(ВИДЕО) Данева: Нека ги положат прво министрите тестовите за англиски, а потоа државните службеници

ana_daneva

Пратеничката Ана Павловска — Данева на 84. седница од Собранието на Република Македонија им рече на пратениците од Владата да објаснат подобро што значи нивнта т.н. Академија за обуки.

-Зошто не им кажеме на граѓаните дека направивте замислете Академија таканаречена за обуки, а всушност да им објасниме дека Академијата е сектор во министерството коешто се грижи за нивните обуки, ама не само обуки туку и оценки. И сега на крајот треба им кажеме следно, најдобрите оценувани државни службеници, од утре навака од кога ќе го донесете законот ќе бидат наградувани. Тоа е лага, бидејќи законодавецот ќе ви каже најдобрите 5% ќе бидат наградени. Само 5% ќе можат да добијат највисока оценка, рече Данева.

-Се поставува прашањето кој е тој министер, кој е тој премиер, кој е тој пратеник што може на десетици илјади луѓе да им каже вие ќе се обучувате, вие ќе спремате и ќе полагате испити. Вие ќе бидете испитувани на интервју, вие ќе мора да ги положите сите овие новини коишто ги кажува министерството, вие ќе бидете оценети од претпоставените, од колегата, од странката. Ама на крајот највисока оценка нема да може да добиете сите, рече Данева.

-Тоа што не го кажувате е дека ќе имате казни. Казни што значи деградација на еден службеник во цела категорија.

Секој државен службеник кој што ќе добие задоволителна оценка, но најниска во групата ќе биде казнет. Оние што ќе добијат незадоволителна, отпуштени на улица при прво оценување. Оние што добиле два пати ниски не да бидат избркани од работа, туку слаби оцени, 30% од плата итн.

Што ќе рече на едните ќе им биде одземена плата, на едни 5% што ќе бидат казнети, а на други 5% таа плата ќе им биде награда, праша Данева.

-Она што предизвикува потсмев, мајтап, жалење за секој административец е новината дека TOEFL , FCE и понатаму сите можни меѓународни странски сертификати, за познавање на странски јазик и за познавање за работа со компјутери ќе мора да ги поседува возачот во едно министерство. Ќе мора да го поседува архиварката во едно министерство, бидејќи архиварите се административни службеници. Никој не знае да образложи зошто архиварот кој што седи во писарница и прима документи и ги архивира треба да знае англиски јазик, истакна Данева.

-Ајде прво министрите и замениците министри нека ги положат тестовите, ајде да видиме кој министер зборува англиски јазик на најниско ниво макар, оти ги има такви. Зошто за нив не воведеме тестови по англиски? Ајде да го видиме нивното познавање по англиски, ајде тие нека се фатат за џеб да си ги платат сертификатите? Не за државните службеници перфектно англиски и ќе шетаат со министрите по рака во странство за овие да им преведуваат зошто не знаат да бекнат нивните министри. Е за нив нема ваква обврска, само за административецот професионален, рече Данева.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *