Во Скопско повеќе села и улици без струја и вода

voda

Без вода вечерва, од 21 часот па се до завршување на активностите, ќе останат корисниците од село Сопиште, село Добридол и село Ракотинци.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е порати чистење на резервоари во Припор.

Поради планирани технички зафати во мрежа,  без електрична енергија од 9 и 30 до 13 часот ќе останат дел од корисничите од село Арачиново, од 10 до 13 часот „Тинекс“ маркетот на улица „Вич“, од 9 до 15 часот улицата „Црногорска“ со подулиците „6“ и „8“ и во време од 9 до 11 часот улицата „Лондонска“ од број 2 до број 6 и маркетот „Тедико“, стои во соопштението на РЦУК.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *