На лозарите поддршка им даде и лидерот на Агротиквешија Љупчо Аризанов кој посочи дека е забавена динамиката на исплата во неготинскиот винарски подрум. Нагласи дека иако лозарите добиле ветување за белото грозје, смедервката ќе се плаќа во рок од 30 дена по откупот, сепак пари сеуште нема.
– Знаеме дека рокот за исплата е 30 април, но смедеревката беше многу барана и склучуваа визбите договори дека ќе се плаќаат во рок од 30 дена. Визбите треба да си стојат на договорот за да можат лозарите да опстанат. На лозарите им се потребни пари за да можат повторно да работат на лозовите насади, рече Аризанов.
Од винаријата „Повардарие“ соопштија дека законскиот рок за исплата на грозјето истекувал на 30 април,тој рок не бил поминат, а исплатата течела и немало потреба од нервоза кај лозарите.
извор: Дума.мк]]>


