На Крим од денеска во прометот официјално влегува руската рубља

ruska rublja

На Крим од денеска во употреба во платниот промет официјално влегува руската рубља, јави ИТАР-ТАСС.

Некои институции во Симферопољ, пред се, хотели и ресторани, уште пред 24 март веќе почнаа да ја примаат рубљата како средство за плаќање.

Во продавниците на Крим почнаа да се појавуваат двојни цени, на кои вредноста е пресметана во рубљи и во гривни. Тоа засега главно се производите што имаат цени поголеми од 1.000 гривни.

Според Законот за присоединување на Крим кон Русија парична единица на територијата на оваа република и градот Севастопољ станува руската рубља. До 1 јануари 2016 година таму се дозволува користењето на националната парична единица на Украина – гривната. По овој датум рубљата ќе остане единствената законска валута на Полуостровот.

На Крим и во Севастопољ од денеска задолжително во рубљи ќе се плаќааат даноците, платите на вработените во државниот сектор, социјалните исплати, како и различни други плаќања, ако една од странките е постојан жител на Русија.

На 21 март рускиот претседател Владимир Путин го потпиша федералниот уставен закон за приклучување на Крим кон Русија и создавање на нов субјект – Република Крим, и градот со федерално значење – Севастопољ, потсетува ИТАР-ТАСС.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *