ОН бара независна истрага за насилството во Украина

obedineti-nacii

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај денеска го осуди насилството во Украина и апелираше за итна независна истрага.

– Најостро ги осудувам убиствата и ја повикувам Владата и демонстрантите да преземат акција за неутрализирање на тензиите и да се најда мирно решение на кризата. Апелирам и за итна и независна истрага, која ќе ги утврди фактите и одговорностите, како и евентуалната употреба на прекумерна сила, наведе Пилај.

Таа ги повика инволвираните страни да се воздржат од насилство, додавајќи дека треба да се почитува правото на мирни собири.

Во вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев, според украинското Министерство за здравство, загинале 25 луѓе.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *