Трагедија во Демир Хисар: Си го застрелал синот и уште едно момче!

kursum

Со истрел од ловџиска пушка  69- годишниот Миле И. од демирхисарското село Мренога ноќеска ги застрелал својот 40- годишен син Добре и уште едно 21- годишно момче. Настанот се случил ноќеска околу 2:30 часот во атарот на селото Мренога во Демир Хисар, кога тројцата биле во нелегален лов.
Од здобиените повреди на лице место починал 21- годишниот Александар В. од селото Мренога, додека Добре со тешки телесни повреди е префрлен во здравствениот дом во Демир Хисар од каде поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *