Убиецот на туристите во Албанија најверојатно патувал со нив

turisti_ubieni

Портпаролот на полицијата во Скадар,изјавил дека  било пронајдено автоматско оружје во  автомобилот и неколку куршуми. “Еден од напаѓачите најверојатно патувал со жртвите”, изјави портпаролот . Според истрагата, убијците и ги ограбиле туристите.

Чесите Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кои кампуваа во селото Прекал, кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери, беа пронајдени  на излез од селото на пат за Скадар, а возилото со нивните тела беше турнато во провалија, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.

Полицијата во Албанија соопшти дека нуди награда од 30 илјади евра за информација која ќе ја доведе до убијците на двајцата чешки туристи.

Отворена е и телефонска линија 0694103984 и гарантираат целосна анонимност.

Во потрагата по убијците вклучени се големи полициски сили, а со акцијата раководи заменик директорот на државната полиција Ардиан Чиша.

Извор: Први.мк



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *