Ја сечел со скалпел и ја силувал

policija

Триесет и две годишна тетовка пријавила дека била силувана во продавница. Завчера вечерта во 22.30 часот, на улицата Илинденска во Тетово, пред продавницата за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф.(31) за да запали цигара, по што тој ја повикал да влезе внатре за да ја земе.

Откако жената влегла внатре, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалпелот по телото, а потоа ја силувал.

На  жената и била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *