Ја убил сопругата со сукало

Policija_BRIF

Сопругот кој пријавил во полиција дека ја пронашол својата сопруга мртва во нивниот дом облеана во крв е осомничен за нејзиното убиство.

Како што соопштија од Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот  на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола.  Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход-известуваат од обвинителството.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *