Ќе одговарате, бандо вмровска!

trickovski

Не верувам дека стоката од фармата на вмро-дпмне чита нешто друго освен напишани реплики и дуплики, но тоа не значи дека ние треба да кренеме раце од нив, обратно, секој божји ден треба да им нудиме нешто различно, нешто повозбудливо, нешто понормално, еве, да речеме, јас за вечерва им ја препорачувам изјавата на Стејт департментот во која се вели дека бандитите кои го спречуваат конституирањето на новата власт во стратегискиот партнер на Соединетите држави, во Република, демек, Македонија, “ќе одговараат за своите постапки”! Многу интересно и возбудливо четиво, можеби не ќе е лошо за Илче енд Фликче, за Николае, како и за лудакот од Водно, денешната лекција да ја пофториме со големи букви: ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА СВОИТЕ ПОСТАПКИ!
По повод изјавата на Стејт департментот, продолжението на седницата против конституирањето на новата власт треба да почне со еднодневно молчење по повод дефинитивната смрт на старата власт, а потоа да продолжи со општонародна веселба со песни и ора какви што државата заслужува кога се протерува чумата!

Бранко Тричковски



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *