24 Вести: Ескалираше во ССМ – дел од сидикалците завршија во болница со повреди

sindikat
Вистинска драма во кругот  на ССМ. Претсeдателот на АГРО синдикатот, Живко Даневски и советникот  Лазе Ѓорѓиески, попладнево биле физички нападнати во ресторанот Национал. Според нив, Живко Митревски влегол во ресторанот со две лица кои тие не ги познаваат, а по неколку минути биле нападнати од истите.
„Во ресторанот во ходникот не нападна еден, почна да ме турка да ме удира и ме истуркаа со закани „Ќе те уништам“ – вели Живко Даневски, претседател на АГРО.
„Стоевме на двор и од страната влезе Митревски со двајца крупни момци и влегоа внатре и на влегување, не нападнаа вели Лазе Ѓорѓиески, советник во ССМ.
Во врска со нападот Митревски ни одговори:
„Навистина треба да се престане со вакви манипулации и дезинформации“
Синдикалците велат дека ова е уште еден обид за заплашување од страна на Митревски. Стравуваат за своите животи и ќе бараат дополнително обезбедување.
„Пријавивме во полиција и очекувавме да дојде мене ми е загрозена ми е безбедноста“ – вели Живко Даневски – претседател на АГРО.
„нека му ја мислат тие што ќе прават“ – вели Лазе Ѓорѓиески – советник во ССМ.
Од МВР не добивме информации за случајот. Синдикалците беа физички нападнати и на божиќното утро. Претходно, новинарските екипи беа брутално исфрлени од зградата на ССМ од страна на приватно обезбедување на разрешениот Митревски.
Извор: 24 Вести


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *