АКАДЕМИЦИ -МАГИСТРАНТИ

bosko

Ја имате ли уште пред себе сликата, која мене и денес ми создава чувство на одвратност, кога академиците, во улога на забавачиња, седеа во своите столчиња, и дозволија во храмот на белокосите мудреци еден премиер, партискиот лидер Никола Груевски, така помпезно да го промовира својот магистерски труд. Беа претворени во уво, безмалку како да станува збор за дело на нобеловски мислител.
Академиците од МАНУ, тие умственици, да беа доблесни и стамени да го одбранат својот личен авторитет и независниот статус на институцијата, ќе му ја затвореа вратата пред нос на партискиот и режимски авторитет, инаку апсолутен маргиналец за науката, а не да чекаат во ред за потписот од Груевски, држејќи ја во рацете неговата магистерска како да е Библија. Како што тоа го прават оние сиромашни наши сограѓани со чинијата в раце, додека чекаат пред казанот со храна во народните кујни. Гладните, тоа го прават од немоќ и социјален безизлез, а академиците го ,,проголтаа,, тој срамен чин од безрбетност. Од тотална морална девалвираност.

Фејсбук статус на Бошко Нацевски



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *