„АКО ЕДЕН ДЕН, НЕКОЈ ПРАША ЗА МЕНЕ, КАЖИ МУ ДЕКА ЖИВЕЕВ ЗА ДА ТЕ ЉУБАМ“

portugalija

Ѝ беа потребни 53 години за Португалија конечно да победи на Евровизија – никој не би можел да предвиди дека победата ќе ѝ биде донесена една толку меланхолична и тажна песна како оваа.

Кога 27 годишниот пејач Салвадор Собрал, влегол во Меѓународниот изложбен центар во Киев, изгледал како дел од стручната продукција на фестивалот кој се нашол на погрешно место во погрешно време. Со скромниот изглед Собрал нудеше само срамежлива насмевка додека неговите колеги натпреварувачи презентираа храброст и издржливост.

Работите не се променија и тогаш кога Собрал се качи на сцената. Стуткан околу микрофонот во костумот преголем за него, Собрал ја испеа „Amar Pelos Dios“ – нешто што го опиша како љубовна песна – тажна љубовна песна, напишана од неговата сестра Луиза.

Неговиот шепотлив и неодолив глас ги освои срцата на Европа и покрај јазичната бариера. „Amar Pelos Dios“ им оддава почит на народните традиции на Португалија, позајмувајќи од стилот Фадо, цел жанр посветен на тажењето.

Помеѓу сите блескави и луксузни настапи и пејачи кои припаѓаат на поп клубот, „Amar Pelos Dios“ ја фрли во сенка буквално цела конкуренција.

Песната на Собрал ги подели луѓето: за многу од нив песната е мрзлива и досадна, и затоа до полуфиналето, Португалија не се сметаше за дел од фаворитите. Затоа, победата на Собрал е токму поради неговиот настап.

Музиката не е огномет, музиката е чувство“, изјави Собрал откако ја прими наградата.

If one day someone asks about me                                           

Tell them I lived to love you
Before you, I only existed
Tired and with nothing to give

My dear, listen to my prayers
I beg you to return, to want me again
I know that one can’t love alone
Maybe slowly you might learn again

My dear, listen to my prayers
I beg you to return, to want me again
I know that one can’t love alone
Maybe slowly you might learn again

If your heart doesn’t wish to give in
Not to feel passion, not to suffer
Without making plans of what will come after
My heart can love for the both of us
—————————————————-
Ако еден ден, некој праша за мене
кажи му дека живеев за да те љубам
Пред тебе, постоев
уморен без ништо да дадам

Драга моја, слушни ги моите молитви
те молам врати се, и сакај ме повторно
Знам дека човек не може да љуби сам
Можеби полека ќе научиш повторно

Ако твоето срце не сака да се предаде
да не ја чувствува страста, да не страда
Без да прави планови за тоа што ќе биде
Моето срце може да сака и за двајцата

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *