АКО: Лозарите се подготвуваат за протест пред судот во Велес

lozari

По веста дека по барање на Царинската управа денеска ќе се одржи рочиште на кое треба да се отвори стечај за „Повардарие“, лозарите почнаа масовно да се организираат за протести пред Основниот суд во Велес каде што  треба да се решева судбината на оваа винарска визба, јавува АКО.мк

Лозарите стравуваат дека ќе биде запечатена и нивната судбина, бидејќи може да биде доведена во прашање понатамошната исплата на грозјето. Велат дека од ден на ден опаѓа нивната куповна моќ, а бројот на сиромашни лозари се повеќе се зголемува .

„Во никој случај не смее да се дозволи ова. Што со нашите пари. Зошто ако веќе размислувале така тоа не го сторија пред да започне откупот и зошто бевме приморани грозјето да го даваме токму таму“, прашуваат револтираните производители на грозје.

Според нив,ваквата состојба е крајно алармантна и не знаат како ќе бидат тие обештетени доколку судот одлучи да го прифати барањето на Царинската управа на Македонија.

-„Чија е играта и кој игра нечесно.Зошто сево ова излезе после избори,од кого сега да бараме пари? Дали некој намерно сака да ја уништи визбата и како и многу други претпријатија да се најде нов газда по нечиј терк? Мисли ли некој за нас во државата, доста ни е веќе од полни усти фалби за земјоделството, каде се сега да видиме што имаат да кажат,вака ли се земјоделска влада?“, прашуваат лозарите.

-„Само се кажуваат убави работи,субвенции,поволности за земјоделците,но колку ние тоа го чувствуваме.Оставете ја политиката,тие за тоа се платени во Собранието. Повардарие нека си го решава проблемот,ние го бараме само тоа што чесно сме го заработиле.Сакаме и ние да живееме како луѓе, да имаме некој денар за Нова Година“,вели лозар од Неготино.

Текстот во целост на АКО.мк



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *