Ален Ѓорѓиев, нов директор на штипската Клиничка болница

bolnica_stip

По извршената инспекција во Клиничка болница Штип, воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно е утврдено дека хигиената во установата не е на задоволително ниво, информираат од министерството за здравство.
Врз основа на констатираното, донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничка болница Штип, и за нов директор е именуван д-р Ален Ѓорѓиев.
Исто така, за нов директор на Центар за јавно здравје во Штип е именувана д-р Марија Димитрова, а разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *