Авиони го бомбардираат сирискиот град кој претрпе хемиски напад

rusija_sirija

Местото Хан Шејкун повторно е мета на бомбардирање, тврдат активисти а пренесува Си-Ен-Ен. Се уште не е познато кој е одговорен за бомбардирањето иако се знае дека во провинцијата Идлиб оперираат сириски и руски борбени авиони.

Ова бомбардирање е можен одговор на вчерашниот напад кој САД го изврши врз сириска воздухопловна база, лансирајќи 60 крстосувачки ракети „томахавка“. Претседателот на САД Доналд Трамп посочи дека тоа е одговор на хемискиот напад во Идлиб за кој е убеден дека е одговорна сириската влада на претседателот Башар Асад.

Русија денеска во Средоземното Море ја испрати фрегатата „Адмирал Григорович“ вооружена со крстосувачки ракети. Нема официјална изјава дали овој потег е одговор на вчерашниот напад.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *