Бензините поскапи за 2,5 денари, дизелот за 3 денари

gorivo_1_BRIF

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика,ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64,50 ден, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 66,50 ден, Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 51,50 денари, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,172 ден/кг и тој сега ќе се продава по цена од во однос на цена од 26,033 ден/кг.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *