Бензинот и дизелот поскапуваат за 2 денари

gorivo_1_BRIF

Бензинот и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 53,5 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *