Бил Гејтс: Фондацијата на Роџер Федерер има импресивна организација

federer

Преку својата официјална веб страна, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, зборуваше за неговото искуство од саботниот тениски натпревар во Сиетл, посветен на Африка, каде настапи со Роџер Федерер, Џон Изнер и Мајк МекКриди. Гејтс објасни дека бил малку напнат, бидејќи не сакал да одигра лош натпревар во двојки заедно со 18-кратниот грен-слем шампион. На крајот тие победија со 6-4.

“По неколку години искуство во држење на говори, обично сум прилично опуштен кога се појавувам во јавност. Но, минатиот викенд направив нешто пред многу народ што ме натера да бидам малку нервозен – играв тенис “, пишува Гејтс. “Сакав само да бидам сигурен дека нема да зафркнам. Јас играм многу тенис, но една работа е да се вежба со тренерот или да се игра против некој пријател. Но друго е да се игра пред 16.000 луѓе во кошаркарска арена”, рече Бил Гејтс.

Тој, исто така, коментираше за работата на Федерер и неговата фондација. “Тоа е импресивна организација која е во партнерство со локалните невладини организации во шест земји од Јужна Африка, за да се подобри раното учење и основното образование таму. И во Швајцарија, фондацијата на Роџер, работи на проширување на пристапот до вон наставни активности за деца со ниски приходи. Роџер е длабоко упатен во овие прашања и работи заедно со многу способен тим. Тие се на добар пат да ја постигнат својата цел, еден милион деца да станат корисници до крајот на следната година”, со најпофални зборови се осврна Гејтс кон работата на фондацијата на Федерер.

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *