Четворицата “Јадачи” од Апокалипсата

nikola

За жал корените на сето ова со “менито” на одредени припадници од УБК И БЈБ се доста подлабоки и се работи за цел еден анти државен, ретрограден и во најмала рака патолошки процес кој беше создаван стимулиран и внимателно обликуван од Дпмне уште од 2006 та година, кога многу “надежните” партиски кадри на дпмне со разни злоупотреби на законот беа прособрани од по партиските штабови и регрутирани во различни безбедносни служби со цел комплетна партизација на истите каде што единствен критериум за нивниот ангажман беше книшката и бицепсот!

Истите тие кадри(со чесни исклучоци) уште тогаш против законски уживаја по студенските домови во Скопје злоупотребувајќи ја позицијата и службата и тоа од една страна дебело платени од државата од друга страна бесплатно му го јадеја и онака бајатиот леб на студентите и безобразно ги узурпираја студентските лега со “Амин” и стимулирано од Министерот на МВР, Директорот на ДСЦ,Претседателот на СПУКМ и така натаму, додека обичните студенти буквално се молеа за нормално студентско легло, и за порција гравче!

Таа криминално -политичка и полициска структура со време метастазираше и многу брзо ги “зарази” уште многу здрави ткива околу себе и пошироко во општеството, тргнувајќи од државните институции, бизнисот, чаршијата, спортот, улицата итн…се додека не поставија комплетна контрола на системот, запазувајќи ги исклучиво интересите на фамилијата…Но нашиот народ уште одамна рекол “ОД БУВ СОКОЛ НЕ БИДУВА”, и ете се покажа на дело дека истите тие кои што пред десетина години се товеа со бесплатни студентски стекови трошејќи часови пред огледалата на теретаните во некаков чуден монолог со сопствените бицепси, заборавајќи ја заклетвата кон службата и должноста кон државата, а станале бепрекорно послушни само кон својот едиствен командат “стомакот”! И ете сега ни повеќе ни помалку само се доусовршиле и станале професионални “јадачи” на коњи и бизони и пак под целосна “команда” само на сопствениот стомак. Но требало и да знаат дека секоја општественопатолошка појава која што ја доживеала својата кулминација неминовно порано или подоцна го доживува својот пад понекогаш исклучиво поради самата себе и сопствениот трулеж и презаситеност, а понекогаш и стимулирано и забрзано и од други позитивни фактори!

Во нашиот случај благодарение само на храброста и одважноста на една личност Македонија конечно се ослободи и навистина ќе има шанса да се залечи и да закрепни, а за повторно да се исправи цврсто над сопствените темели се потребни безрезервно сите,сите оние кои и мислат добро на својата татковината, но и минута молк за сите жртви знајни и незнајни, директни или индиректни кои дест години ги плаќаа фактурите на “јадачите” не само на коњско и бизонско туку и на “човечко” месо!!!

Фејсбук статус на Никола Поповски



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *