Членството на ВМРО-ДПМНЕ им „намигнува“ на Љубчо и на Љубе

vmro-dpmne_sediste_BRIF_2

Од првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ и официјално е опозиција, според информации до кои дојде Плусинфо, се појавуваат симптоми дека на повидок е ситнење на членството на партијата, кое според нашиот извор, сака да премине во ВМРО-НП. Добро упатениот извор за Плусинфо вели дека деновиве во ВМРО-НП дури има воспоставено и редовна дежурна служба „која е задолжена да ги прима странките“.

– Тројца пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе преминат во ВМРО-НП, а деновите пред да се додели мандатот, дваесетина стари кадри од ДПМНЕ бараа прием во ВМРО-НП – вели нашиот извор.

Според изјавата дадена за Плусинфо на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, „Груевски може единствено да се смени на конгрес по барање на членството, но бидејќи тој е под негова целосна контрола, единствен начин таа партија да се спаси од него е сам да одлучи да се повлече од раководството на партијата“.

– Членови на ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и во Обединети за Македонија, конкретно од прилепскиот регион – вели лидерот на Обединети за Македoнија, Љубе Бошковски.

Текстот во целост на Плусинфо



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *