ДПМНЕ и матните игри за лозарите

stefan1

Сведоци сме на голготата на лозарите овие 10 години под водство на една врхушка, фамилија, која пушти пипци скоро во секоја поголема фирма и секоја “странска” инвестиција во Македонија! „Повардарие“ иако со НЕисплатени долгови добиваше лиценца за откуп на грозјето сите овие години! Намерно го субвенционираа откупот да го претрупаат и однесат во стечај! Иако знаеја дека не може да се придржува кон договореното за исплата на договорените рати тие “фамилијата” го задолжуваа! Сега му ја одзедоа лиценцата за откуп за реколта 2017! И најинтересно и застрашувачки е молкот од страна на лозарите. Каде е нивниот лидер Аризанов да реагира или се чека упатство од централата на комитетот на ДПМНЕ? Повардарие низ разговор со лозарите,дознавам најверојатно се тера кон ликвидација, обезбедување и купување од страна на блиски фирми на фамилијата! Фирма од Штип и една фирма на најголемиот бизнисмен и акционер во многу фирми низ земјава и пошироко! Се со една цел! Седнување на лозарите во скутот на фамилијата!

За субвенциите кои законски им следуваат на земјоделците прстот слободно може да го насочиме кон власта во заминување, се одолговлекува и се тактизира со нивната исплата! Лозарите им станаа гласачко тело на власта преку манипулација со овие субвенции а со неисплатено грозје и негово исплаќање дополнително се манипулираат уценуваат! Мислам, но и сигурен сум дека на лозарите им треба нов лидер кој вистински ќе се заложи за навремена и вистинска исплата и цена на грозјето! Преговори барем 2 месеци пред почетокот на гроздоберот со винариите секако тука е и владата која ќе стои зад договорот, а и дополнително и навремено ќе ги продолжи задолжителните зголемени субвенции!

Лозари доста молчите за вашиот труд, мака, беспарица! Време е да ја тргнете пајажината од пред очи и видите дека со вас се манипулира!

ЛОЗАРИТЕ ВО ТИКВЕШИЈАТА ЗАСЛУЖУВААТ ПОДОБАР ЖИВОТ!

Фејсбук статус на Стефан Стефанов



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *