Др.Илбер Балажи првиот стоматолог од регионов во најелитната и најпозната организација на стоматолози “Style Italiano„

doktor

Доктор Илбер Балажи, стоматологот од Кичево е првиот од регионов кој што пред извесно време стана член на познатата организација на стоматолози “Style Italiano„ чие што централно седиште се наоѓа во Италија, но делува во целиот свет. Балажи беше избран како кандидат да конкурира и се стекна со правото да биде најновиот член за примероците за напредна естетска стоматологија изработени од негова страна!

Основано од Уолтер Девото (Walter Devoto) и Професор Анѓело Путињано (Angelo Putignano), “Style Italiano„ е организација на пасионирани професионалци и истражувачи во естетска и ресторативна стоматологија. Групата се состои од специјалисти како и други познати личности од областа на стоматологијата, кои ја споделуваат пасијата за составните материјали во нивната работа.

Балажи магистерските студии ги има завршено во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и ги следи студиите за специјализација. Неговата професионална дејност ја врши во Клиниката “Бего Дент„. Уште од почетокот на неговата кариера бил заинтересиран и пасиониран за естетиката на забите.

Тој исто така е прогласен за победник на европско ниво, во оваа област, од познатата јапонска компанија GC, којашто дополнително на Балажи му додели лиценца за лектор и едукатор за регионот, за подигнување на квалитетот на македонската стоматологија. Освен тоа, Балажи е основач и член на управниот одбор на неколку активни групи на стоматолози, чија цел е развој на комуникацијата и подигнување на нивото на квалитетот на стоматолозите. Балажи, меѓу другото, има објавено неколку написи во меѓународни списанија.

doktor1

Др.Илбер Балажи првиот стоматолог од регионов во најелитната и најпозната организација на стоматолози “Style Italiano„

 

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *