Другари од сите партии, не заборавајте дека е ова наша држава и утре повторно треба заедно да живееме

stefan

Другари од ДПМНЕ, од мојата партија, од етничките албански партии, од другите партии, но и оние кои не сте партиски определени!
Оладете ги малку главите и смирете ги страстите во секој поглед.
Не пишувајте се и сешто само за некој лајк повеќе!
Не заборавајте дека е ова наша држава и утре повторно треба заедно да живееме, да се видиме на улица, на пазар или во кафана.
Не влегувајте во посакуваното сценарио на оној кој бега од одговорност за сопствениот криминал.
Само смирено и разумно.
Се ќе биде како што треба да биде!

Фејсбук статус на Стефан Богоев



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *