Експлозија во црква во Египет

Newly elected leader of Egypt's Coptic Christian, Pope Tawadros II, Head of the Egyptian Coptic Orthodox Church, leads the Coptic Christmas midnight mass at the al-Abasseya Cathedral in Cairo late on January 6, 2013. Copts of Egypt celebrate their first Christmas since the country has been ruled by Islamists in a climate of concern despite assurances from the authorities. AFP PHOTO/KHALED DESOUKI

Во експлозија на бомба во црква во египетскиот град Танта, кој се наоѓа на делтата на Нил, загинаа 21 лице, а 38 се повредени, јави државната египетска телевизија. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот што се случи денеска. Експлозијата се случила додека верниците ја следеле неделната служба, јавија медиумите. Оваа служба се одржува една недела пред Велигден и со неа се означува почетокот на светата недела за христијаните.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили направиле кордон околу црквата во Танта, град кој се наоѓа северно од Каиро. Во тек е трагањето по други екслозиви на местото на настанот, додаваат од полицијата.

Христијаните се околу десет отсто од населениото во Египет и се често напаѓани од исламските екстремисти. Во бомбашкиот напад на најголемата катедрала во Каиро во декември загинаа 25 луѓе, а 49 беа повредени.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *