Експлозии во Дортмунд, повреден еден фудбалер

dortmun

Автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд е оштетен, а еден играч е повреден откако три експлозии одекнале во близина на тимскиот автобус кој бил на пат кон стадионот во Дортмунд за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите против францускиот Монако.
Мечот е откажан и презакажан за утре.
Полицијата во Дортмунд соопшти дека автобусот е оштетен на две места, и искршени се неколку прозорци.
„Се уште не можеме да кажеме што ја предизвикало експлозијата и што експлодирало“, соопшти германската полиција.

dortmun1

Од фудбалскиот клуб Борусија потврдија дека е повреден шпанскиот интернационалец Марк Бартра. Тој се наоѓа во болница, а повредите не се од потешка природа.
Инцидентот се случил веднаш откако тимскиот автобус го напуштил хотелот во кој биле сместени фудбалерите и се упатил кон стадионот. Неофицијалните информации се дека се работело за бомби.
Гледачите во меѓувреме го напуштија стадионот во Дортмунд, а полицијата соопшти дека тие не биле во никаква опасност.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *