Емилија Лазаревска: ГАРАНЦИИ

emilija

Ова со гаранциите е лудо. Како тоа ќе му се даваат гаранции на Иванов, па макар ја извршувал и функцијата Претседател? Каде, во кој правен акт пишува дека тој има право да бара такво нешто и кој досега давал гаранции дека ќе ја чува унитарноста, независноста или било што друго на државата? Се колнат, се обврзуваат, се грижат, изјавуваат дека ќе ги бранат, штитат, но кој досега тоа го гарантирал? Независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, се штитат, не се гарантираат. Оти никој не може да гарантира дека тие нема да бидат предмет на некаков обид за преврат, државен удар или пак агресија. Во таков случај, одговорните, политичарите на функција се грижат да ги зачуваат, ги бранат со сите законски расположиви средства, ги бранат ако треба и со сила, војска, полиција. Никој не гарантира, бидејќи никој и не може да биде стопроцентно сигурен дека нема да има обид сето тоа и да се наруши.

Што е Македонија, фрижидер, шпорет, бојлер, па ако се расипе, ќе ја заменат? И што ќе повлече неисполнувањето на гаранцијата ? Ќе има ли клаузула во гарантното писмо за одговорноста на тој што гарантира во таков случај? Зошто за Иванов , Груевски и сите пред него биле доволни нивните свечени изјави и потписи за што ќе се грижат и што ќе штитат од позиции на своите функции, а сега Ѓорге Иванов ја злоупотребува својата позиција да ја држи целата држава во заложништво? Ќе одговара ли тој за тоа? Дали  некој може нам, на граѓаните, да ни го гарантира тоа?

Да видиме на што се обврзал Ѓорге Иванов кога дал свечена изјава како Претседател на Македонија:

,,Како Претседател на РМ изјавувам дека функцијата ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го штитам суверенитетот , територијалниот интегритет и независноста на РМ“ е свечената изјава што ја дал Иванов при неговата инаугурација. И толку. Зошто тогаш тој не се заколнал дека ќе ја гарантира унитарноста на Македонија?

Понатаму, во Уставот како негови обврски и должност меѓу другото се наведува дека:

-го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;

– ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;

– ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;

– предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија:

-предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;

– именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;

– ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;

– именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;

– доделува одликувања и признанија во согласност со закон;

-дава помилувања согласно Устав и закон. И толку.

 

Колумната на Емилија Лазаревска во целост на АКО.мк



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *