Ермира Мехмети: Хулиганот Груби и урнатиот авторитет на Ахмети

ermira

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети упати тешки зборови против сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган и потикнувач на конфликти” и како еден од виновниците за намалување на надлежностите и авторитетот на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

 

Ова не е првпат Мехмети да упатува критики за работата на нејзината партија ДУИ. Таа пред неколку месеци најави дека ќе ја напушти партијата ако не види дека во ДУИ се почнати сериозни длабоки реформи.

Во последниот, денешен нејзин пост на Фејсбук, Ермира Мехмети напиша дека членови на партијата веќе ја почнале кампањата против неа, обидувајќи се да ја замолчат и да ја дискредитираат.

„За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша на Фејсбук Мехмети.

Извор: МКД



Еден коментар на “Ермира Мехмети: Хулиганот Груби и урнатиот авторитет на Ахмети

  1. 007
    10/01/2017 at 14:46

    Huligan,ama i maska prostitutka na ali.Neznam sto da recam za Ermira,cudno e za eden albanec,a narocito i zena da ima hrabrost i da ja kazuva vistinata,oti tamu se znae kade e keseto i koj znae sto ke se jade i sto ke se nosi.Bravos za Ermira.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *