Голема евакуација во Москва поради дојава за подметнати бомби

SONY DSC

Околу 3.000 лица се евакуирани од место каде се наоѓаат три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска. Евакуацијата следела по анонимна дојава дека на станиците се поставени бомби.

– По повикот дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по 100 лица од Казанска и од Ленинградската, додека од Јарославска се евакуирани 750 лица – наведува неименуван извор од руските безбедносни служби.

Според истиот извор, наскоро се очекува да пристигнат специјалните единици кои ќе извршат детална проверка на станиците.

Мета



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *