Груевски: Мијалков ќе одговори на свој начин

mijalkov

На денешните пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска упати до премиерот на Република Македонија две прашања поврзани со неговиот братучед, Сашо Мијалков.

Премиерот одговори кратко велејќи дека секој ќе си одговара сам за себе, вклучувајќи го и неговиот братучед.

– Секој функционер има обврска да внесува податоци во анектни листови и сите тоа го имаат направено. Тоа го има сторено и Сашо Мијалков. За сите детали ќе си одговори тој,  јас не можам за секој функционер да давам одговори. Знам дека до стапувањето на државната функција  Мијалков бил приватен бизнисмен.

Пратеничката од СДСМ повторно инсистираше на одговор од Груевски затоа што Мијалков не доаѓал на седниците на комисиите и го запраша премиерот да ѝ каже каде живее Мијалков, а премиерот одгови многу кусо:

– Посочената личност ќе  одговори на сите прашања, уверен сум, на свој начин.

По ова Шекеринска одговори дека е свесна за ризиците што ги носат ваквите прашања и истакна дека премиерот намерно се прави дека не знае каде живее неговиот братучед. Молкот значи дека тој му чува парите.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *