Иванов: Да бидам прецизен, коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ беше договорена, но ја расипа еден телефонски повик

ivanov2

Ѓорге Иванов во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“ открива дека  коалиција  ВМРО-ДПМЕ – ДУИ била договорена, но ја растурил само еден телефонски повик пред да биде објавена:

,, По изборите на 11 декември, јас го сторив она што и јас и моите претходници секогаш сме го правеле, на победникот на изборите му се доделува мандатот за состав на Влада. Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик и коалицијата се распадна“ – изјавил Ѓорге Иванов, Претседател на РМ за австрискиот весник ,,Винер Цајтунг“.

 

На прашањето „кој бил повикувачот“, Иванов одговара: „Вие сте новинар. Вие можете да го истражите тоа“.

Прашан што ќе се случи доколку некогаш се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци и посака да состави Влада, Иванов вели дека на таква коалиција нема да го даде мандатот.

– Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини – вели Иванов посочувајќи на Тиранската платформа како политичка пречка.

Тој вели дека нема да го даде мандатот на Зоран Заев зошто водел перфидна игра, односно „не дозреал за улогата што му ја дале“, дека се преценил и самиот тој, а го прецениле и тие што му дале да игра таква улога и дека во политиката треба да има дијалог и компромис, а тој не сакал да разговара.

– Која и да е коалиција создадена под уцена е нестабилна. Уставот се менува со двотретинско мнозинство. Но Заев ќе настојува да се донесат тие закони во Парламентот, за јас да ставам вето на нив, а Уставниот суд да покрене иницијатива и да ги поништи тие закони. Тоа ќе го прави Заев за после да ме обвини мене дека сум антиалбанец – вели Иванов.

Според Иванов, Заев сака само да дојде на власт.

– Но, тој ги изгуби изборите во декември. Јас сметам дека тој не знае во каква игра се вмешал. Тој беше заслепен од желбата да дојде на власт. Сега се наоѓа во деликатна ситуација. Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши во затвор. Јас не се заканувам. Македонските институции во даден момент ќе постапат против него, ќе ги истражуваат сите околности. На пример, интересно ќе биде прашањето кој му ги доставил прислушуваните разговори – додава Иванов.

Според Иванов, нови парламентарни избори се една од опциите за излез од кризата.

– На крајот ќе има избори, кога тогаш. Тоа секогаш е така во демократијата. Кога има блокада, секогаш се завршува со избори. Но, сега, на тие што го создадоа Заев, не им одговараат избори, бидејќи вложија многу пари, многу авторитет во него, и треба да го сочуваат образот. Тие се свесни дека ова е промашена инвестиција. Бидејќи со платформата што ја прифати Заев секој ден довербата му опаѓа -вели Иванов во интервјуто за „Винер Цајтунг“.

Ако.мк



Еден коментар на “Иванов: Да бидам прецизен, коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ беше договорена, но ја расипа еден телефонски повик

  1. vojvoda
    16/04/2017 at 15:19

    TI SI EDEN OBICEN … HORHE,
    NO SAMO DA ZNAES SE E MINLIVO I MENLIVO VO ZIVOTOT.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *