Иванов за „Magyar Hírlap“: Решение се и нови предвремени парламентарни избори

ivanov3

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за унгарскиот весник „Magyar Hírlap“ изјави дека едно од решенијата за надминување на кризата се и нови предвремени парламентарни избори. Според него, на овие избори “граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период“. Ова е првпат Иванов да ја спомене оваа опција за решение на кризата, на која извесен период наназад инсистира ВМРО ДПМНЕ. Тој повторно ја посочува Платформата на албанските партии како причина за „продлабочување на кризата“, истакнувајќи дека таа „стана услов за формирање на Влада. Во врска со недоделувањето на мандатот за нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Иванов вели дека проблем бил рокот во кој се поднесени потписите како доказ за мнозинство и тоа што Заев не ја отфрлил Платформата. Иванов кој е во работна посета на Унгарија ќе се сретне со унгарскиот претседател Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот Ласло Ковер.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *