Камелија Шојлевска: ПРОСЛАВА НА РАЗЛИЧИТОСТА

kami

Дали некогаш сте размислувале зошто толку тешко ни оди пласманот на Евровизија.? Сигурно сте размислувале. Секоја година како нација минуваме низ агонија на неизвесноста дали ке успееме да влеземе во финале. Големи пари се фрлаат, големи подготовки се прават, па се менуваат правилата, се престана да се прави избор оти тоа ни се стори како лоша пракса, па почнавме сами да ги бираме, па избравме звезда…ша хм…добро пројдовме ама не феноменално, па почнавме да создаваме звезда, па ангажиравме странски стручњаци кои ете направиле победнички хит, нали до хитот е, па врвни кореографи, па врвни вакви професионалци па врвни овакви онакви…кои ќе ни го загарантираат толку посакуваниот влез во финалето…навивавме, се восхитувавме, дури годинава направивме и мала атракција, објавивме дека пеачката е бремена, па ја побара раката на својата сакана, се е тоа слатко, ама ние не влеговме и ни се повтори истото разочарување…те не мрзат…те политика…те дијаспората не гласала…те никој не е за нас.

Одговорот ми падна на ум сосема случајно благодарејќи на еден пост на мојата и фејсбук пријателка и лична другарка Благица Сековска. Пишувше за едно свое искуство за телевизиски настап и за различните народи и етникуми кои со векови живееле на ова тло, и за борбата за некаква си чиста Македонија. И ми текна.

Ние всушност не успеваме затоа што во својата суштина не ја почитуваме основната порака на Евровизија…РАЗЛИЧИТОСТА. Ние не веруваме во тоа, не ја почитуваме и ја сакаме различитоста, не сме длабоко во себе одушевени од таа вредност. Да се биде различен е суштината на оригиналноста оти само различитоста и ја гарантира оригиналноста. Да се одушевуваш од туѓата различитост е примарна вредност на овој настан. Ние не се одушевуваме, напротив и судиме. Ех…овој влегол а види го каков е…ех онаа влегла а не знае ни да пее…ех овие двајца појма немаат…нашата е 100 пати подобра…ние сме најдобри…ние сме единствени…идната година ќе им покажеме, ќе ги викнеме најдобрите продуценти, најдобрите шминкери, најдобрите пеачи, па ќе видат они кои сме ние….иииии пак истиот круг.

Не ја сакаме различитоста и во себе не сме одушевени од нејзе. Не ја прифаќаме ниту кај нас во нашите простори, ниту во нашите срца, ниту пак така ги градиме односите на секое ниво.

Епа мили мои сограѓани. Додека не најдеме во себе и во своето срце восхит кон различитоста, додека не почнеме да го сакаме светот онаков каков што е блескав и различен и додека не ја носиме во срцето пораката на Евровизија CELEBRATE DIVERSITY…слави ја различитоста…ви гарантирам тежок влез на вратата на успехот.

Одговорот е во нас…со љубовта и различитоста нема блеф.

 

Камелија Шојлевска



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *