Камион излетал од патот Росоман-Прилеп, тројца повредени

kamion_sudar

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, потврдуваат од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Кавадарци.

-Според првичните информации кои ги имаме, камион излетал од патот кај клисурата близу кавадаречкото село Фариш. Истовремено е побарана помош од брзата помош од Кавадарци и Прилеп. Еден од повредените е пренесен во прилепската болница, а двајца во кавадаречката – информираше за МИА началникот на службата, доктор Антоан Паракеов.

МИА



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *