Која нормална држава со народни пари би плаќала 20 телохранители и би трошела ресурси за обезбедување на осомничен за тешки кривични дела

Frosina_Remenski_BRIF

Ако логиката на долунаведеното е дека, овчарот треба да го штити волкот од кучето што ги чува овците, тогаш ќе чекам да видам кој ќе биде црната овца

1. Која нормална држава со народни пари би плаќала 20 телохранители и би трошела материјални ресурси за обезбедување на осомничен политичар за тешки кривични дела ?
2. Која нормална држава би трошела ресурси за заштита на џелатот на политичките неистомисленици и поттикнувачот на атентат врз тогаш опозицискиот лидер (сега премиер) Зоран Заев?
3. Па дали е нормално, органот (МВР/УБК) што треба да одговори на барањето на Груевски, да немал (?!) проценка за ризик по животот на Зоран Заев и неговото семејство (што заврши со обидот за атентат на 27.04), а сега да бара аргументи за заштита на веќе обезбедуваниот Груевски?


4. Ако Груевски во барањето за зголемување на бројот на телохранители се повикува на Уредбата за обезбедување на објекти и личности, тогаш испуштил да ја прочита обврската на неговите партиски послушници во МВР кои на 27.04 дозволија терористичко загрозување на уставниот поредок во Собранието на РМ;
5. Ако Груевски како актуелен пратеник кој користи право на 6 обезбедувачи од МВР има закани по живот и стравува за неговата безбедност, тогаш сите пратеници кои беа физички и психички тероризирани на 27.04 во Собранието имаат право да бараат многу поголема заштита;
6. Ако толку многу народот го сака, од што/од кого се плаши?!
—————————————————————————————
Човекот што украде милиони народни пари и живее 15 години на државен трошок од 26 години независност на РМ …. бара уште ?!

Фросина Ременски

Фејсбук статус



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *