Коцијанчич: Трпение, до 24 мај ќе дознаете кој од Македонија ќе вечера со Могерини

Maja_Kocijancic

Eвропската комисија засега не открива кој ќе патува во Брисел на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, дали тоа ќе биде техничкиот премиер Емил Димитриев или Зоран Заев.

– Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе ве замолиме за трпение, но до 24 мај ќе дознаете кој ќе дојде – рече портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање кој ќе присуствува на средбата и дали Заев ќе добие посебна покана ако не успее дотогаш и официјално да ја формира владата.

Мета



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *