Криминалци во знаме

gjorgji_spasov_3

Не мириса на војна во Македонија туку смрди на она што им тече од ногавиците на оние кои се преплашени од помислата дека веќе нема да бидат власт во Македонија. Им тече од ногавиците од помислата дека може некој да им го прави она што тие им го правеа на сите изминатите 10 години.

Им тече од ногавиците од свеста за губењето на привилегиите и повластениот статус . Им тече од ногавиците и врескаат затоа што ги имаат земено и потрошено хонорарите и провизиите а нови не се на повидок. Повеќето од нив се криминалци завиткани во македонското знаме кои врескаат од под него дека ” никој не смее да ја премине црвено жолтата линија”.

Од знамето тие направија крпа за покривање на својата срамота. И затоа должност на секој чесен граѓанин и на полицијата е да не им дозволи и знамето да го испоганат. Доста се кријат зад него. Тоа се криминалци кои ќе почнат знамето да го користат за да си ги забришат валканиците. Тие се на добар пат да го испоганат знамето зад кое се кријат. И тоа не треба да им се дозволи. Ако ним им се дозволи да спречат формирање влада тогаш ќе биде направен преседан по кој секој во иднина ќе има право да спречи формирање на било каква влада.

Ѓорги Спасов
фејсбук статус



Еден коментар на “Криминалци во знаме

  1. 19/03/2017 at 17:39

    I ovaj gluvo-nem minister od tranzicijata,klatiglavec na BC,i animuvac{odobruvac}na set kriminal i zlo od 92g pa navamu,vtemeluvac na ova ludilo,e toj sega ke kazuva.E zatoa dpmne vladee,bideki ima gromobran vo ovie vampiri{krivopijaci}kako spasov,frcko,naumov,cobe najdovski……….Sram da vi e,uste imate obraz da ja ozboruvate kurvata,a vase e kopileto.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *