Мајкл Џордан е најплатениот спортист на сите времиња

michael_jordan

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс во Американската НБА лига, Мајкл Џордан, со својот приход од 1,7 милијарди долари е играч со најголема заработка на сите времиња, јавува Anadolu Agency (AA).

Според истражувањата на списанието „Форбс”, Мајкл Џордан е на прво место на листата со најголема заработка во светот на спортот, благодарение на спонзорствата во својата кошаркарска кариера. Во својата 15 годишна кариера во НБА, во која освои 6 шампионати, Џордан заработи 93 милиони долари, додека останатата заработка ја стекна преку спонзорства.

Американскиот играч на голф Тајгер Вудс, кој има 14 големи турнирски шампионати во својата кариера, со 1,65 милјарди долари е на второ место на листата со најголема заработка во светот на спортот.

На трето место на оваа листа зазема играчот на голф, американецот Арнолд Палмер, кој почина оваа година, со заработка од 1,35 милјарди долари.

На листата со најголема заработка стојат 20 имиња од кои 13 американци, додека пак жена спортист нема.

Имињата на листата се со следниот редослед:

1 Мајкл Џордан САД Кошарка 1,7 милијарди
2 Тајгер Вудс САД Голф 1,65 милијарди
3 Арнолд Палмер САД Голф 1,35 милијарди
4 Џек Никлаус САД Голф 1,15 милијарди
5 Михаел Шумахер Германија Мото спортови 1 милијарда
6 Коби Брајант САД Кошарка 770 милиони
7 Флојд Мајведер САД Бокс 765 милиони
8 Фил Микелсон САД Голф 760 милиони
9 Дејвид Бекам Англија Фудбал 730 милиони
10 Шекил Онил САД Кошарка 700 милиони
11 Мајк Тајсон САД Бокс 685 милиони
12 Грег Норман Австралија Голф 680 милиони
13 Леброн Џејмс САД Кошарка 640 милиони
14 Кристијано Роналдо Португалија Фудбал 620 милиони
15 Роџер Федерер Швајцарија Тенис 600 милиони
16 Алекс Родригез САД Безбол 600 милиони
17 Лионел Меси Аргентина Фудбал 520 милиони
18 Џеф Гордон САД Мото спортови 515 милиони
19 Оскар Де Ла Хоја САД Бокс 510 милиони
20 Мани Пакјао Филипини Бокс 490 милиони



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *