Македонка уапсена во Турција, држела Кубанки како бело робје

prostitutki

Македонска државјанка е приведена во Турција под обвинеие дека направила мрежа за проституција користејќи 40 Кубанки кои ги прелажала и од нив направила проститутки.

Како што пишуваат турските медиуми, таа преку својата агенција за посредување на интернет ангажирала 40 девојки од Куба, на кои им ветила танчерски кариери за високи хонорари.

Откако пристигнале во Турција девојките биле затворени во хотел, им биле одземени пасошите и два месеца биле принудувани на проституција.

Македонката била задолжена и за превозот на девојките. Автомобил секоја вечер ги земал од пред хотелот и ги носел кај претходно договорени клиени, ги чекал и повторно ги враќал назад.

Една од Кубанките успеала да избега, случајот го пријавила во кубанската амбасада во Туција каде што побарала засолниште. Алармирана била турската полиција.

Амбасадата ги вратила девојките во Куба, а Македонката завршила во притвор.

Plusinfo



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *