Макрон на инаугурацијата во костум од само 450 евра, а сопругата облечена како Меланија

inauguracija3

Новиот претседател на Франција Емануел Макрон носел на својата инаугурација костум од скромни 450 евра, пренесува „Ројтерс“, со оцена дека станува збор за неговиот очигледен обид да се дистанцира од политичарите кои многу трошат.

Цената на костумот ја открил персоналот на Макрон. Темносиниот костум на Макрон е од брендот „Џонас и Си“ со седиште во Париз.

Интересен е и податокот дека сопругата на Макрон, Брижит, на денешната свеченост се појавила во тоалета во сина боја со потпис на Луј Витон, во слична боја на комплетот којшто сопругата на Доналд Трамп, Меланија, го носеше на инаугурацијата на американскиот претседател пред неколку месеци.

inauguracija2

Од друга страна, некогашниот фаворит во трката за претседател на Франција, тогашниот конзервативен ривал на Макрон, Франсоа Фијон, во текот на кампањата се нашол во центарот на финансиските афери, а во една бил критикуван дека од еден богат бизнисмен добил два костуми вредни околу 13.000 евра.

Додека анкетите покажуваат дека чесноста е меѓу главните карактеристики кои Французите, заситените од такви скандали, ја сакаат кај претседателот на својата земја, изборот на облеката на Макрон за свеченоста очигледно праќа сигнал дека тој ќе се разликува од своите претходници, заклучува британската агенција.

Инаку, конзерватниот бивш претседател на Франција Никола Саркози, кој на чело на земјата беше од 2007 до 2012, имал прекар „звец-звец претседател“ поради својот луксузен стил.

Наследникот на Саркози Франсоа Оланд, кој сам себе се претстави како „нормален претседател“, исто така, се најде на мета на критиките, бидејќи, како што медиумите наведоа, фризерот го плаќал 10.000 евра месечно.


Профи


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *