ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава

mmf

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економски раст за оваа година. Во новата економска прогноза се предвидува македонската економија годинава да оствари економски раст од 3,2 отсто што е помалку од есенската според која, растот требаше да изнесува 3,5 %. За 2018 година предвиден е раст тод 3,4 %.

Светска банка на почетоков на април, излезе со прогноза дека македонската економија во 2017 година ќе забележи раст од 2,8 проценти, а во 2018 од 3,3 отсто. Највисок економски раст во регионов годинава ќе забележи Албанија со 3,7 проценти.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *