Момче од Германија почина во ноќен клуб во Прилеп

policija

Дваесет и петгодишен државјанин на Германија вчера починал во ноќен клуб во Прилеп. Момчето престојувало во село Дебреште во општина Долнени.

Како што соопшти полицијата, вчера  околу 4 часот во ноќен клуб во Прилеп му се слошило на Е.М. (1992), државјанин на Сојузна Република Германија. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *