Најново: Патувањето во Канада олеснето за голем дел од македонците

kanada
Од 1-ви мај ќе следува олеснување на правилата за патување на Канада за сите кои поседуваат пасош од Европската Унија. Сите кои поседуваат еу пасош ќе можат да патуваат во Канада со помош на барање за електронска дозвола за патување, наместо да го прават тоа како до сега – преку добивање на виза. Вакво известување во текот на вчерашниот ден излезе во соопштенијата на канадските амбасади во Романија, Бугарија и Молдавија.
Од амбасадата велат дека поднесувањето на ова бараење е поедноставен, поевтин (чини само 7 канадски долари) и што е најважно најбрз начин за влез во Канада бидејќи за него се потребни само неколку минути. Оваа дозвола важи пет години и со неа може да се патува во Канада кога сакате, но секако, можноста за престој е определена само на краток рок – до 6 месеци. Како што известуваат од амбасадата, овие дозволи ќе се издаваат за навистина краток период и ќе се изадаваат на сите кои ги исполнуваат бараните услови.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *