Николиќ одлучи да се кандидира на претседателските избори во Србија

Tomislav_Nikolic

Српскиот претседател Томислав Николиќ повторно ќе се кандидира на претседателските избори.

Српските медиуми јавија дека Николиќ одлуката за кандидатурата ја донел синоќа на прославата на неговиот 65 роденден.

Претседателството на седницата на Српската народна партија во вторникот едногласно одлучи за претседател на Србија, како нејзин кандидат, да го назначи сегашниот премиер Александар Вучиќ.

Тој тогаш наведе дека без поддршката на претседателот Николиќ ништо не би можеле да направат и дека тоа е негова „историска улога“.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *