Ноќна инспекција во штипската болница. Записникот ќе ги разреши сегашните директори

bolnica_stip

Ноќна инспекција во штипската болница. Комисија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, испратена лично од министерот Таравари, синоќа неколку часови правеле увид во работата на клиниката.

Инспекторите биле на ортопедија, хиругија, очни и ушни болести, на инфективно и неврологија. Според извори на ТВ Стар, од виденото им се кренала косата. Затекнале нехигиена, комплетна неодговорност и недисциплина. Ова, се надворзува на констатацијата на Институтот за јавно здравје, во чиј годишен извештај стои дека кујната е во лоши санитарно-хигиенски услови, каде биле пронајдени и E.coli и Enterobacteriaceae.

Инспекцијата, била предводена од новиот државен секретар во министерството Владимир Милошев. Со оглед на тоа дека Милошев буквално до пред неколку денови повеќе од 20 години беше лекар во Клиничката болница, несомнено е дека точно знаел каде да се вперат очите и да се бараат слабостите. Без оглед на ова, штипската Клиничка болница одамна важи за лошо организирана здравствена установа и која е типичен пример дека недостатокот на пари не е причина за тамошниот неред.

Оттука, епилогот од инпекцијата е познат одамна, односно претстои разрешување на директорите. Во крајна мера, ситуацијата и да била поинаква немало да ги спаси, зашто во прашање се политички промени.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *