ОН ја прогласи Словенија за најодржлива држава во светот

slovenija

Обединетите нации ја најавија 2017 година како година во која како никогаш досега ќе се стави фокус на одржливиот туризам. А кога станува збор за одржливост, на крајот на 2016 година на првото место на листата на најодржливи држави во светот се најде Словенија.

Како што пишува National Geographic, оваа јадранска еклава сместена помеѓу зелени полиња, снежни врвови и пенливи води, е прогласена за најодржливата држава во светот. Словенија задоволила неверојатни 96 од вкупно 100 индикатори за одржливост, како околина и клима, култура и автентичност, природа и биодиверзитет итн.

Имено, минатата година и главниот град Љубљана се закити со признанието Europe’s Greenest Capital кое го назначува Европската унија.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *