Оваа Македонка се дружи со Џорџ Клуни, Мет Дејмон и Софија Вергара- Теа го живее холивудскиот сон!

tea

Теа Ендрус е Македонка која веќе со години работи во светот на забавата и гламурот. За нас позната е по забавното шоу „The Insider” на американската CBS телевизија.

Македонка

Со нејзиниот колега Кевин Фрејзер честопати сме имале можност да ја гледаме на тв каналите кои се даваат на нашите кабловски. Теа постојано беше на црвениот тепих на сите поголеми настани во филмската индустрија- Оскарите, Златниот Глобус, Еми, МТВ филмските награди како и многу други гламурозни случувања. Пред да дојде да работи во Лос Анџелес, ТВ водителката водеше спортски програми на мрежата ЕСПН во Канада, како и „Топ шеф“ и музички реални шоуа. ТМ

Македонка

Оваа Македонка иако е родена во Канада, не ги заборава своите македонски корени. Таа има 43 години, израснала во Торонто, а потекнува од традиционална македонска  фамилија. Нејзиниот дедо е основач на Македонската заедница во Канада, а нејзиниот татко Вилијам ги следи неговите стапки. Вилијам е познат адвокат, а нејзината мајка успешна бизнисменка.

Македонка

Теа потекнува од селото Грешница, Кичевско. 

„Се сеќавам на прекрасното детство кое го имав во Македонската заедница. Одењето во црква и собирањето со другите Македонци ми беше навистина забавно. Највеќе сакам да одам на македонските свадби и бев воодушевена од храната. Лазев под маса и крадев цвеќиња. Ако ме поканите повторно на свадба, ветувам дека нема да лазам повторно под маса, туку ќе бидам примерна“- низ смеа изјавува Теа. ТМ

Македонка

Запрашана дали тоа што потекнува од успешно македонско семејство и помогнало во кариерата, Теа одговара: „Целата  моја фамилија е родена во Македонија, татко ми е прва личност која се родила во Канада, за разлика од неговите браќа и сестри. Мојот дедо работел многу напорно во неговиот ресторан и многу имаме научено од неговиот тежок живот како имигрант. Од него научив дека не треба само да си успешен во она што го работиш, туку и да бидеш примерен и продуктивен член во заедницата. Татко ми пак е супер горд што е Македонец, но ја сака и Канада. Мислам дека клучот во успехот е тоа- да си ги почитуваш своите корени, но и да ја сакаш земјата во која живееш.  Вака кога зборуваме ме фаќа носталгија. Ми недостастуваат жените од Македонија кои покрај тоа што се многу фини, се и одлични готвачки. Покрај нив не можам да останам слаба, секогаш се здебелувам. Омилено јадење ми е зелник, се топи во уста“. ТМ

Македонка

Во својата кариера има направено интервјуа со најголемите холивудски ѕвезди, но и спротски легенди. Во „The Insider” гости и биле Џулија Робертс, Џорџ Клуни, Софија Вергара, Крис Хемсфорт, Мет Дејмон, Метју Меконахи, Кејт Бланшет, Сандра Булок, Лајонел Ричи, Натали Дормер, Меџик Џонсон, Стен Ли, КИС, Дру Баримур, Кевин Спејси, Џеред Лето… Едноставно кажано- речиси цел Холивуд.

Македонка

Оваа Македонка навистина го живее холивудскиот сон!

Македонка

Извор:Македонија Денес



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *