Почина стјуардесата што го преживеа падот на авионот на ЈАТ

stujardesa

Стјуардесата на некогашната авиокомпанија ЈАТ, Весна Вуловиќ, позната по тоа што беше единствената што го преживеа падот на авионот над тогашната Шехословачка, почина во Белград на 67-годишна возраст.

Како што пренесоа локалните медиуми, таа починала пред неколку дена, но нејзините пријатели го пронашле телото вчера, во нејзиниот стан во Белград.

Весна Вуловиќ е запишана во Гинисовата книга на рекорди како единствена личност што преживеала пад без падобран од 10.160 метри.

Несреќата се случи во 1972 година, а Вуловиќ ја преживеа експлозијата затоа што била врзана за седиште на опашката на авионот ДС-9, која заедно со тоалетите паднала на снег.

По целосното закрепнување на фрактурата на черепот, скршениците на двете нозе и на три пршлени, таа продолжи да работи во ЈАТ.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *