Почна исплатата на субвенциите за земјоделците

zemjodelci

Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со која ги отстранува законските пречки за исплата.

„Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа“, сооштуваат од Министерството за финансии.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *