Позната лекарка пронајдена мртва со рани од нож

policija2

Позната лекарка од Клиниката за нефрологија и професорка на медицински факултет синоќа во 21,05 часот е пронајдена мртва со повреди од нож. Повредите биле во пределот на рацете каде што и биле исечени вените, а имала и убодна рана на вратот.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.  Телото е предадено на обдукција.  Јавен обвинител излегол на местото на настанот и засега случајот се води како незнаена смрт.

Телото на лекарката во нејзиниот дом го пронашол сопругот кој повикал брза помош.

Неофицијално, најверојатно станува збор за самоубиство. Полицијата повеќе детали најави во текот на денот.

Основното јавно обвинителство – Скопје во меѓувреме излезе со соопштение во кое се вели дека е извршен увид во станбен објект на ул. „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С.

-Од самото место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти. Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот, се вели во соопштението.

НОВАТВ



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *